Јанушев: ВМРО не е организатор на протестот на 18. Ноември

0

ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој период јасно покажува и ниту еднаш не ретерираше од ставот дека сме против договорот и против уставните измени, истакна денес генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го поддржат најавениот протест на 18-ти месец против уставните измени организиран од страна на повеќе граѓански здруженија.

-Се што се организира, а е во насока каде се изразува незадоволството и се што оди против промена на Уставот, против Договорот кој Заев и Димитров го потпишаа со Грција, тоа е истата наша цел кој целиот период наназад го имаме. Демократско право е на секој да излезе и да го искаже своето незадоволство, својот револт од оваа неспособна власт.

ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на ова, но се што е во насока на демократско изразување на волјата на граѓаните, особено во овој дел каде ВМРО-ДПМНЕ предничи и ја води оваа битка против промената на Уставот, нормално дека сме на истата страна, нагласи Јанушев.

Претходна статијаНесреќата го промени Дарко Лазиќ – веднаш, уште во болница ќе потпише за крај
Следна статијаПолицијата тропа на вратата од станот на Никола Груевски (ВИДЕО)