(ВИДЕО) Со лаптоп во рака, советник од ВМРО-ДПМНЕ го потсети Марин што ветувал

0

На денешната седница на Советот на општина Аеродром, која е свикана по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кои побараа запирање на урбанистичките планови кај „Мајчин дом“ и „Тобако“.

Советниците од опозицијата го соочија Марин со неговите предизборни ветувања, кога во борба за гласовите на аеродромци ветуваше дека нема да дозволи изградба на зградата кај „Мајчин дом“, за сега од позиција на власт со свој потпис да ја одобри изградбата на истата.

Советникот Петар Миовски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од говорница емитуваше видео во кое Марин ветува запирање на градежната експанзија откако ќе ја преземе власта.

– Прво по преземањето на власта на 15 октомври ќе го запреме градежниот хаос, ќе направиме ревизија на ДУП – овите, со цел да се намали градежната експанзија, урбанизација ќе има само во неурбанизираните делови, а ќе ја запреме градежната експанзија во урбаното јадро. Ова е еден од главните приоритети, кажа Марин пред изборите.

Во понатамошниот тек од видето има исечок од дебатно соочување помеѓу Марин и поранешниот градоначалник Конески, во кое Марин вели:

– Дали знаете дека имате друг начин да можете да го обештетите самиот сопственик на земјиштето, имате. Можете нели по пазарна цена да го исплатите, можете во компензација за друга локација да го искомпензирате.

Извор: Курир

Претходна статијаСекретарот на ВМРО-ДПМНЕ храбро им упати јасна порака на Заев и Јанева
Следна статијаФОТО: Апелите на МВР не помагаат – нова тешка сообраќајка со сериозно повредени