ФОТО: Апелите на МВР не помагаат – нова тешка сообраќајка со сериозно повредени

0

Тешка сообраќајна нессреќа се случи попладнево во близина на “Млечен ресторан” на Улицата “Теодосија Гологанов”. Мотоциклист се судри со џип.

Притоа мотоциклистот се здобил со фрактура на черепот и моментално е хоспитализиран, додека врз повредената девојка е интервенирано на лице место.

Засега од МВР нема информации за овој случај. Од сведоците на овој немил настан како што истакнуваат сценците биле тешки за гледање. Имало многу крв на сите страни и искршени делови од автомобилот и моторот.

Претходна статија(ВИДЕО) Со лаптоп во рака, советник од ВМРО-ДПМНЕ го потсети Марин што ветувал
Следна статијаГласањето заврши – познати резултатите за предлогот за пристапување кон измени во Уставот