Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија за поранешното раководство, не ги интересираат пониските структури

0

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното издание на Click Plus рече дека главната причина поради која на референдумот имаше слаба излезност е бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека не е во ред да се бојкотира нешто за кое нема предлози за тоа како да се реши на друг начин.

Запрашан дали до сега некој од пратениците има пријавено закани околу донесувањето на предлогот од Владата за уставните измени, тој вели дека ниту еден пратеник нема пријавено било какво кршење на законот. Но, вели дека има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, и членови од истата партија.

Министерот Спасовски вели дека се бара амнестија за лица кои биле дел од бившото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. На прашање дали се бара амнестија за раководните структури само или и за пратеници обвинети за настаните од 27-ми април, тој вели:

-А мислите дека за пониските структури ќе бараат амнестија. Па нормално дека за раководството бившо бараат, за луѓето кои се од нивен интерес си ги средуваат работите ако може да се заврши – изјави Спасовски.

Претходна статијаМе праша, Тато, зошто сме ние сиромашни: Успеав да му објаснам на син ми колку е поважна внатрешната, во однос на надворешната облека
Следна статија(ВИДЕО) Карлеуша се посрами за цел живот: Се обиде да сурфа, но работата тргна на лошо