Мобилниот телефон има безброј апликации за да го олеснат животот, но ако сте родител треба да обрнете внимание, бидејќи некои од нив колку наивно и да изгледаат, може да бидат опасни за детето. Затоа посебно обрнете внимание на следните апликации:
Tinder
Оваа апликација се користи за запознавање. Корисниците си ги оценуваат профилите едни на други и ги гледаат локациите на другите корисници. Секој ден се отвораат 450 милиони нови профили. Проблемот е во тоа што, возрасните лесно можат да ги најдат малолетните и оваа апликација често се користи за злоставување преку Интернет.
Snapchat
Со помош на оваа апликација, корисниците еден на друг си испраќаат фотографии и снимки на сите кои се на листата на пријатели. Тој што ги испраќа податоците може да одреди колку долго ќе биде достапна на примателот, по што се самоуништува.
Проблемот е во тоа што, апликацијата често се користи за сексуално допишување. Многумина се прелажуваат, бидејќи ја сметаат дека е најсигурен начин, но многу фотографии и снимки од овде завршуваат на порнографски сајтови.
Blendr
Оваа апликација служи за запознавање на нови луѓе и преку неа се испраќаат фотографии, пораки, снимки кои потоа други ги оценуваат. Сексуалните манијаци лесно можат да стапат во контакт со малолетните, а малолетните да ги запознаат возрасните.
Kik Messenger
Оваа апликација се користи за допишување и сега ја користат повеќе од 100 милиони луѓе. Тие можат да разменуваат снимки и фотографии. Децата оваа апликација ја користат за испраќање на селфи на кои се разголени, а не постои добрa контрола на содржината, па до децата лесно можат да стигнат и повозрасни.
Whisper
Оваа апликација е за исповед. Со помош на неа, корисниците споделуваат фотографии, приказни, мисли. Оваа апликација го открива и местото на корисникот, иако се пишува анонимно. Без разлика на анонимноста, децата ставаат фотографии од други деца, а корисниците можат да комуницираат едни со други, врз основа на оддалеченоста. А, никогаш не се знае кој е на другата страна.
Ask fm
Ова е една од најпопуларните социјални мрежи меѓу децата. На неа се поставуваат прашања до другите корисници и се даваат одговори на прашањата кои другите ги поставиле.
Проблем е во тоа што, на оваа апликација децата често се здружуваат против друго дете и го понижуваат. Оваа апликација е поврзана со девет случаи на самоубиство во Америка и Велика Британија.