ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави предлог закон за амнестија – ќе има ли пазар меѓу двете најголеми партии

0

Петнаесетдневниот рок што и го даде Собранието на Владата за изготвување на нацрт-амандманите, откако на 19 октомври 80 пратеници дадоа поддршка за почеток на процесот на уставни измени, истекува во сабота. Имаше најави дека нацрт-амандманите уште денеска ќе пристигнат во Собранието, но потоа се појавија проценки дека тоа би можело да се случи кон средината на оваа недела.

Во меѓувреме опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги консолидира силите околу натамошното дејствување, откако остана со помалку пратеници, а некои од нејзините десет пратенички групи  повеќе не ги исполнуваат прописите на Деловникот, според кои една пратеничка група треба да има најмалку пет пратеници.

Партијата најави дека денеска го доставува до Собранието предлог-законот за амнестија на сите инволвирани во случувањата во македонскиот законодавен дом од 27 април минатата година. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски минатата недела во изјава за МИА рече дека уште траат координациите околу усогласувањето за измените на Уставот.

– Во оној момент кога тие ќе бидат во пишана форма ќе бидат јавно објавени и доставени до Собранието за нивно финализирање, изјави Бошњаковски за МИА, не прецизирајќи притоа кога би можело тоа да се случи.

Премиерот Зоран Заев, пак, најави дека постои можност нацрт амадманите да бидат доставени пред 15 дневниот рок. Од владејачките партии се уште стои апелот до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во разговорите за уставните измени, но сепак тие не се големи оптимисти дека тоа може да се случи.

Претходна статијаПроверете го мобилниот на вашето дете и ако ги има ови апликации, избришете ги
Следна статијаЈелена Карлеуша јавно кажа што има во телефонот, но потенцираше дека ќе ги тужи евентуалните крадци