Дарко Лазиќ кој седум дена се бореше за живот по тешка сообраќајка несреќа, во која се преврте со возилото, па го вадеа пожарникари, се разбуди од вештачката кома и со таа вест ги израдува сите свои блиски и фановите, но најлошите вести допрва доаѓаат од болницата.
Прашање е дали тој ќе може некогаш нормално сам да дише, а исто така и да пее, пишува српскиот Курир.
Во несреќата му е пробиено едното белодробно крило, па нема веќе да може да дише нормално, вели извор. Ќе мора долго да користи вештачка плуќа, да се одмара, лежи и опоравува. Стручен тим ќе биде со него постојано.
лекарите му направија итна операција и му ја извадија слезинката, тој имаше крварење во главата, скршени ребра, нагмечено белодробно крило, скршеници на бутната коска и карлицата, како и напукнати јагодици.