Како ги расипавме верските слави: правиме еден од најголемите гревови славејќи на овој начин

0

Македонскиот народ одбележува околу 100-тина верски слави. Најмногу слави има за Св.Никола, а исто така, по зачестеност следат и Св.Архангел, Св.Јован, Ѓурѓовден…
Православниот заштитник на домот се слави со одредени правила и обичаи. Меѓутоа, многумина немаат никаква врска со нашата традиција. Се’ повеќе домаќини си дозволуваат себеси да си ја испланираат славата по сопствена желба, па така се случува целата слава да се претвори во сеопшта забава за играње и пијанчење.

Светителот кој е заштитник на домот и семејството така останува на втор план, па дури и занемарен, а во прв план избива токму човековиот грев за стомак-угодување, ждерење и неумереност во јадење и пиење. Одбележувањето на славата по православната традиција има свои основни правила.

Во време пред слава свештеникот го осветува домот на луѓето кои планираат да го слават светителот. На овој обред присуствува целото семејство со домаќинот. Се чита молитва, па светецот – заштитник на домот се моли за здравје и благосостојба на сите членови од семејството. Тие денови пред славата, во семејството владее ведра и духовна атмосфера, течат подготовките.

Познато е дека за слава не се кани. Во некои наши краишта гостите се повикуваат на посебен начин, им се испраќа лепиња или мало лепче кое се пече за слава. Модерното време промени се’, па така старите обичаи исчезнаа или се почитуваат „ради реда“ колку да се каже дека нешто се направило. На слава најчесто се повикува по телефон, иако е поучтиво тоа да се направи лично и непосредно.

Постојат бројни заблуди околу одбележувањето на славите. Многу домаќини не знаат ниту каде во куќата и е местото на славската икона, па ја чуваат закачена на било кој ѕид или пак во орманите како украсен детаљ. Иконата, без секаков сомнеж, се чува закачена на источниот ѕид, бидејќи според православното учење Спасителот доаѓа од Исток.

Колачот и житото се главните одбележја на славата. Во Црква се носи славски колач, варено жито, црно вино и свеќа. Славската свеќа, онаа големата, свечено се пали на денот на славата, кога домаќинот ќе ја прочита молитвата и славата во чест на светителот кој е заштитник на семејството и во спомен на покојните предци.

Ако се постават колачот и житото а претходно не се осветени, немаат никаква христијанска, православна смисла, а исто така е бесмислено домаќините истите да ги купат, наместо сами да ги направат во домот. Сепак, нашиот народ особено претерува во едно, не сомневајќи се дека прави еден од најголемите смртни гревови! Најголемата грешка на нашиот народ е во непознавањето на значењето и целта на славењето на верската слава.

Оние кои не носта колач и жито во Црква, а канат гости на слава, не го почитуваат светецот на својот дом, туку прават журка и забава наменета за гостите за обично прејадување и водење банални разговори чисто за дружење и ништо повеќе. Гостите се менуваат од утро до мрак, домаќините ја минуваат славата на нозе, служејќи едни и испраќајќи други.

Домаќинот е често пивнат, учествува во разговори за политика, државата, системот, празноверие, чаршиски муабети…некои семејства се забегани толку далеку што славите ги одбележуваат во кафани и ресторани, со жива музика, сеопшта веселба како за свадба. Со ова основниот поим на славата и верата е доведен до апсурд.

Особено е грев кога на верските слави во времето на голем пост и посни денови се слават како мрсни. Сите треба да го почитуваат правилото за посни слави и потсетуваат на зборовите на Св.Павле: „Подобро е за домаќинот воопшто да не го слави Св.Никола, отколку да го слави со мрсна трпеза.“

И.П.

Претходна статијаВесна Бејби се потсети на младоста и објави фотка од плажа – била ситничка и слабичка (ФОТО)
Следна статијаЖителите на Аеродром: Златко Марин не излажа, веднаш да си поднесе оставка