Како што пренесува „Фокус“, страшна сообраќајка пред неколку моменти се случила на планинскиот превој „Стража“ каде што се превртел камион полн со овци.
Според очевидци, камионот се лизгал и се превртел, а во должина од 200 метри можат да се видат мртви овци, односно целиот пат изгледал како кланица.
Поради ова сообраќајот се одвива по само една лента, а во моментот полиција врши увид. Луѓето кои во моментот се нашле таму се преплашени и затекнати од случката. Се бара ветеринар да дојде на местото за да им помогне на овците.