Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми на својот Фејсбук профил демантираше дека Заев понудил амнестија за крвавите настани од 27 април, по веста која се прошири на дел од медиумите.
Премиерот во своето излагање пред пратениците повика на обединување и рече дека пружиле рака за помирување, што беше протолкувано како понуда за амнесија. Адеми побрза да објасни дека не станува збор за амнестија и дека помирување не значи и амнестирање.
Поддавањето рака за помирување не значи амнестија. Помирувањето или опростувањето е човечка особина и големина.
Папата Јован Павле Втори, му прости на својот атентатор , но тоа не го амнестираше Ахмет Али Агџа од одслужување на затворската казна.
Обидот за атентат беше во 1981 година, од затвор излезе 2010 година.
Така е и сега.