Дали да го пријавам брат ми? Фалсификуваше потпис од професор

0

Брат ми е и многу го сакам, постар е од мене речиси три години. Понекогаш имаме вообичаени кавги, ама главно добро се согласуваме. Кога бевме деца многу се тепавме…

Се сеќавам, еднаш толку силно ја треснав вратата зад мене кога тој ме бркаше, што стаклото се искрши врз него и му ја расече раката. Тогаш изедов голем ќотек од татко ми.

И другпат се случувало да притрчаат комшии да не разделуваат од тепачка, ама следниот ден пак си игравме заедно и заедно одевме во училиште. Брат ми секогаш ме заштитуваше, не смееше влакно да ми фали од главата. Убаво поминав на училиште, мирно, го имав брат ми.

Но, сега двајцата сме на факултет, повозрасни сме и позрели. Пред некое време брат ми изврши криминал. Тоа многу ме јаде, ме разјадува од внатре. Тоа што ви ги раскажав тепачките како мали, нема врска со ова, јас многу го сакам брат ми, ама ова не смееше да го направи.

Му фалеше потпис од професор за да полага условен предмет, не одел на вежби и не добил потписи. Без око да му трепне го вежбаше потписот од друг индекс, а после се потпиша во неговиот со изненадувачка фалсификаторска вештина!

Професорот за среќа ништо не забележал. Но ЈАС ЗНАМ ШТО НАПРАВИ ТОЈ! Ме измачува помислата дека брат ми е фалсификатор. Тој! Што требаше да ми биде пример во животот.

Се плашам дека ако го пријавам ќе оди во затвор, а не сакам брат ми да заврши таму.
Не знам вие што би направиле на мое место, но јас сериозно размислувам прво да им кажам на мама и тато, а после и да го пријавам.

Претходна статијаЛепа Брена ја дигна ногата толку високо што ќе ве остави подзинати (ФОТО)
Следна статијаКако изгледаше Боба кога Лепа Брена лудуваше по него (ФОТО)