Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 ноември.
Денеска е Св. Јован Милостивиот.
Роден е на Кипар во кнежевско семејство. Од детството бил воспитуван како христијанин. Подоцна, по желба на родителите, се оженил и имал деца.
Но, семејниот живот не му пречел непрестано да напредува во доблесниот живот. Кога му умреле жената и децата, бил избран за патријарх во Александрија.
Ја управувал оваа Црква десет години. Од сите доблести, посебно го одликувала милостивоста, заради што и бил наречен милостив.
Се успокоил на Кипар, во своето родно место, во 620 година. Неговите чудотворни мошти биле пренесени во Цариград, па дури во Будимпешта, и најпосле во Пресбург.
На овој ден се смета дека треба да биде милостиви кон секој кој ќе побара помош.
Доколку сте во конфликт со некој, или сте лути на некој кој ви нанел зло, простете му. Се верува дека кој ќе прости, ќе му се врати двојно.