Сама се породи во автомобилот: Додека ги раѓала близнаците му помогнала на збунетиот сопруг да го најде патот до болница

0

Дациа Питман се разбудила со силни болки, со оглед на тоа дека требало да се породи, па ди ставила децата во автомобилот, и со мажот тргнала кон болница. Она што не очекувала е дека нема да стигне на местото каде требаше да се породи.

Таа на својот маж му рекла дека нема да издржи до болница, па се породила сама, додека му кажувала во кој правец да вози. Пораид овие потези многумина ја окарактеризираа како најхрабра мајка.Еверет и Амелија така сигурно дојдоа на свет додека мајката на таткото му давала инструкции каде за заврти.

„Се се случи толку брзо. Бевме смирени, но знаевме дека мораме брзо да стигнеме до болница зошто изгубивме многу крв и се плашев да не ми се случи нешто на мене и децата. Го спуштив совозачкото седиште и почнав да притискам. Синот излезе прв. почнав да го чистам, му ги ослободив дишните патишта и го удрив по газето. Веднаш заплака на полн глас“, рече таа и додаде:

„Се завртев назад и сфатив дека децата веќе ги подготвиле ќебињата. Не им реков ништо. Само се сетиле што треба да направат. Беа прекрасни“.

По неколку минути на свет дојде и нејзината ќерка.

„Синчето го држев на гради со една рака, а со другата ја наведував ќерката да излезе. И неа ја ставив на градите и го замолив сопругот да забави. Не беше сигурен како точно до болница па му помогнав“, изјави жената.

Штом стигнале ги дочекала војска зачудени доктори која веднаш им притрчала на помош. Не грижете се, сите беа добри и здрави, а и таткото се уште е жив“.

Извор:Сител.мк

Претходна статија„По 10 години и само еден останат испит на факултет – денес решив да го напуштам“
Следна статијаЕлена Велевска: Не се покајав што му дадов втора шанса на сопругот