Сашо Мијалков вчера сакал да избега во оваа европска земја?

0

Трансакциите на пари и имотот во Чешка – причини за притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Имотот во Чешка на Мијалков ја зголемува околноста тој да се даде во бегство, продавајќи го огромниот имот од Македонија, ова стои во решението со кое му е определен притворот на Мијалков, дознава 1ТВ.

Неофицијално, наведен е и допис од Управата за финансиско разузнавање дека на две банкарски сметки кои биле блиски до Мијалков, имало повеќе од 11 милиони евра.

„Судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена. Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје во рок од 24 часа по приемот на решението“, информираат од Кривичниот суд.

Мијалков од вчера во 19.55 часот, е во скопскиот истражен затвор „Шутка“. Тој е упасен неколку часа откако Груевски на Фејсбук објави дека Унгарија му одобрила азил, и дека имало опасност од негова ликвидација во Македонија.

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за ТВ 21 не сакаше да коментира за поврзаноста на Сашо Мијалков и Миле Јанакиески со бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Извори и очевидци за 1ТВ тврдат дека вечерта во гаражата на скопскиот хотел се паркирале неколку автомобили со странски регистарски таблички. Едно возило неофицијално доаѓало од унгарската амбасада во Белград.

На поранешниот директор на УБК, Мијалков му се суди во четири судски процеси, „Таргет Тврдина“, „Титаник 2“, „Тортура“ и „Трезор“. На товар му се ставаат кривичните дела „Злосторничко здружување“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Мачење, нечовечко или понижувачко постапување“. Поранешниот шеф на тајната полиција важеше за недопирлив човек.

Таа не одрече такво нешто, но вели дека нема доволно информации за да даде јасен став.

За себе претходно изјави дека нема намера да бега од Македонија и го осуди бегството на Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ нема реакција за притворот на Мијалков. На денешната прес-конференција пред апелација, побараа ослободување само на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Мијалков е обвинет во повеќе предмети на СЈО, а го има во многу од „бомбите“

Претходна статијаМакедонскиот естраден пар очекува бебе – пресреќниот татко ја потврди веста
Следна статијаЈанкулоска со првичен коментар по притворот на Сашо Мијалков