Владимир Поповски, пејачот на фолк-групата „Биоритам“ за „Репортер“ потврди дека тој и пејачката Анастасија Петреска, ќерка на пејачот Наум Петрески, наскоро ќе станат родители.
Тој за порталот кажа дека е возбуден што ќе стане татко и со нетрпение го очекува раѓањето на бебето.
„Од март ќе бидеме трио. Чувството е неописливо, но сепак најубавото, најслаткото допрва следува“, ни рече тој.
Освен што се подготвуваат за раѓањето на бебето, се подготвуваат и за свадба.
„Немаме закажано датум, но нашата свадба нема да биде класична. Поканите ќе бидат само за најблиските, тоа ќе биде приватна забава“, откри пејачот.
За овие три години откако сум во Биоритам, имам настапувано буквално со сите имиња од естрадата што нешто значат. Имам колегијален и нескриен респект и симпатии кон сите нив, од една едноставна причина. Секој од нив е една алка во синџирот, а сите ние, заедно со авторите и оние пеачи што веќе не се меѓу нас, сме македонската песна. Ако веќе морам да бирам, би сакал да кажам дека јас негувам и преферирам сетни песни, кои инсистираат на емотивно вложување и како таков би сакал наспрам мене да имам вокал со слични вокални перформанси, какви што поседуваат Наум Петрески и Виолета Томовска.
Ама сепак, мојата најголема и за жал неостварлива желба од познати причини ќе остане Тоше Проевски. Кога веќе го спомнав, би сакал да кажам (барав момент да го споменам) дека Тоше Проевски е една од причините заради кого и што ја засакав песната, забавната и народната. Тој беше човекот кој во добар дел го трасираше мојот пат и битисување на македонското естрадно небо.
Бескрајно сум му благодарен на сите рефрени кои заедно, покрај радио си ги потпевнувавме заедно. За жал ниеден заедно, на сцената.