(ФОТО) Албанец сум: Какво Косово, ќе си навивам за Македонија

0

Македонија и Косово ќе се соочат во полуфиналната плејоф пресметка за место на Евро 2020 преку Д-дивизијата, а дуелот закажан за во март 2020 веројатно во Скопје, уште отсега ги разгоре страстите, зашто мечот многу повеќе ќе добие политичка конотација во односот на Македонците и Албанците, отколку во спортска борба на два соседи на патот кон историски настап на еден континентален шампионат.

Одамна е позната навивачката нетрпеливост на Македонците и Албанците во домашниот фудбал, голема е нетрпеливоста и во поголем број на секојдневни случувања, па најголемиот дел нормално очекуваа длабока поделеност и за најважниот меч за двете земји – Македонците да си навиваат за Македонија, а Албанците за Косово.

Арно ама, откако Косово на спектакуларен начин со 4-0 го победи Азербејџан и закажа пресметка со Македонија во полуфиналето, многу македонски Албанци, помалку и изненадувачки, објавија за кого ќе навиваат и тоа е – Македонија.

„Какво Косово, јас сум Албанец, но ќе си навивам за Македонија“, пишува еден Албанец во коментари.

„Ќе се навива за Македонија! Не ги мешајте Хасани, Алиоски, Пандев, играчите доаѓаат и си одат, репрезентацијата останува. Немојте да нè делите“, пишува друг.

Целата сторија може да ја прочитате на Спорт1.мк

Претходна статијаФОТО: За првпат Дарко Лазиќ се огласи по несреќата и објави слика од болницата
Следна статијаМакедонскиот естраден пар очекува бебе – пресреќниот татко ја потврди веста