Ново големо поевтинување на нафтата: Ќе возиме значително поевтини горива

0

На почетокот на втората недела во пресметковниот период на РЕгулаторната комисија за енергетика, доби вести пристигнуваат од берзата во Лондон.

Големиот пад на цената на стартот од претходната недела од 70 на 65 долари за барел, во изминатите десетина дена, нивото се одржува околу оваа граница.

ВО моментов барел нафта од типот „брент“ каква што се увезува во Македонија на берзата во Лондон чини 66 долари за барел. Тоа е за над 6 долари пониско од цената по која регулаторот правеше пресметки на 12 ноември.

Во вакви услови за очекување е поевтинување за најмалку 2 до 3 денари по литар.

Пред 10 дена, Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на бензините за 4 односно 4,5 денари, а на дизелот за 3 денари по литар.

Претходна статијаКабинет на Орбан: Во барањето за азил на Груевски биле земени предвид условите во македонските затвори
Следна статијаПовторно се огласи Никола Груевски: Објави обемно соопштени и радосни вести за него