Кабинет на Орбан: Во барањето за азил на Груевски биле земени предвид условите во македонските затвори

0

Македонија има лошо правосудство и очајни услови во затворите. Шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулаш одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои редовно даваат лоши оценки.

Токму овие параметри, како што вели Гулаш, се земаат предвид во постапката за добивање азил во Унгарија.

Одговарајќи на пратеничко прашање во унгарскиот парламент како може Груевски да аплицира за азил кога влегол во Унгарија од Србија која е безбедна земја, Гулаш вчера кажа дека принципот на безбедна земја е важен, но според процедурата за барање азил треба да се земе предвид ситуацијата во Македонија со судскиот систем и условите во затворите, додавајќи дека не е сигурен дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна.

Медиумите во регионот веќе објавуваат дека Груевски добил азил од Унгарија.

Унгарската Канцеларија за миграција го одобрила барањето на осудениот екс премиер, Никола Груевски, за политички азил во Унгарија, соопштуваат неофицијално унгарските медиуми.

Во експресна постапка Груевски го добил азилот по основ на барањето кое го поднел. Се уште нема потврда за овие информации.

Во меѓувреме македонското Министерство за правда го подготвува барањето за екстрадиција кое треба да биде поднесено денеска, без оглед на тоа што на Груевски му е одобрен азил.

Претходна статијаКекеновски: Што правиме сега Зоране Заев, до кога ќе не замајуваш со бегството на Груевски
Следна статијаНово големо поевтинување на нафтата: Ќе возиме значително поевтини горива