Дарко Лазиќ вратен на Интензивна нега – нов проблем ги загрижи лекарите и најблиските

0

Откако се појави веста дека се чувствува подобро, а вграден му е и вештачки колк, Дарко Лазиќ одново има големи здравствени проблеми кои ги исплашија и лекарите.

Тој имал многу висока температура, а лекарите велат дека е тоа нова бактериска инфекција на протезата која му е вградена, на која реагира телото.

Пејачот е повторно на Интензивна нега.

Дарко деновиве зборувал дека му недостасува семејството, а најмногу неговиот брат Драган со кој е особено поврзан.

Пејачот досега беше опериран 3 пати.

Пејачот Дарко лазиќ во неделата ја доживеа најголемата апстинентска криза од 23 октомври, кога му се случи тешката сообраќајна несреќа.

Негов близок пријател вели дека тој викал на интезивна нега и се заканувал дека ќе си го одземе животот доколку лекарите не му донесат кокаин. Персоналот бил приморан да го изолираат и да го оддалечат од останатите пациенти, кои биле вознемирени.

Изворот тврди дека Лазиќ паднал во апстиненска криза, која од ден на ден била се посериозна, а во неделата вечерта бил во ментално растројство и рекол дека повеќе не сака да живее, затоа што не може да издржи без опијатите.

„Цел ден говореше дека физички се чувствува лошо, дека состојбата драстично му била влошена. Почнал психички да се чувствува лошо, а анксиозноста пораснала до таа мерка што ги вознемирил и другите пациенти кои се на интезивна нега.

Во тој момент до него стигнал еден од четворицата чувари кои редовно водат грижа за неговата безбедност, а тој му побарал или да му даде дрога или да повика лекар. Кога лекарот стигнал, Дарко почнал да моли за кокаин и да им објаснува колку му е лошо“, вели изворот и додава дека кога сватил дека докторот нема да може да му помогне, направил хаос.

„Почнал да вика и да бара кокаин. Беше целиот црвен во лицето. Се обидел да стане, но залудно. Посакал да не го разбудат од кома за да не мора да ги трпи овие болки. Побарал повторно да биде успиен. Докторот морал да реагира и му даде нешто против болки и средство за смирување.

Неговиот кревет го поместиле на ќош за да биде оддалечен од останатите пациенти. Бил повикан и психијатар за да разговара со него“, вели изворот и додава дека на лекарите во овој момент приоритет им било Дарко да се опорави од несреќата и организмот да му се доведе во ред.

Лечењето од зависноста од дрога ќе се третира на друг начин,

Претходна статијаКалиопи на голема мака: Леле ама се тешки прашањата
Следна статијаВонредна временска прогноза: Доаѓаат пообилни врнежи од дожд