Вонредна временска прогноза: Доаѓаат пообилни врнежи од дожд

0

Дожд во изминатите 24 часа најмногу имало во Охрид, Лазарополе, Пожаране и Маврово. Метеролозите врнежи најавуваат и денеска и утре. Денеска во западните делови ќе има пообилни врнежи локално над 40 л/м2, а утре пообилни врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни.

Според мерењата на УХМР за 24 часа до 7 часот водениот талог во л/м2 изнесувале 15 во Охрид, 13 во Лазарополе, 12 во Пожаране и во Маврово, 10 во Тетово, седум во Претор, шест во Крушево, два во Скопје – З. Рид, Прилеп и во Битола, еден во Штип, Крива Паланка, Ѓуриште и во Виница.

Снег има во Маврово и во Битола 10, во Крушево и во Берово девет, во Тополчани шест и во Прилеп еден сантиметар.

Времето во Македонија утрово е облачно со повремен дожд во поголемиот дел од земјата. Врнежи нема на крајниот исток. Слаб променлив ветер има на повисоките места и во Демир Капија.

Температурата во 7 часот се движеше од минус два во Тополчани, нула во Прилеп и во Битола, еден во Пожаране, два во Крива Паланка, три во Тетово, четири во Струмица, Претор, Скопје, Штип и Лазарополе, пет во Демир Капија, шест во Охрид до седум степени во Гевгелија и Дојарн.

Преку денот времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, поинтензивни на западот. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Времето и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд. Денеска во западните делови ќе има пообилни врнежи (локално над 40 л/м2), а утре пообилни врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни.

Претходна статијаДарко Лазиќ вратен на Интензивна нега – нов проблем ги загрижи лекарите и најблиските
Следна статијаУнгарија донесе одлука за барањето за азил на Груевски