Илир Мета, претседателот на Албанија, одговарајќи на новинарски прашања, случајот со Никола Груевски го оцени како политички прогон.
–Секој политичар, особено политичар со голема одговорност како во случајот, не треба да бега ниту од правдата ниту од политичката битка.
Имаме случаи и во Албанија, затворања кои биле сметани за политички, но се соочиле со тоа, истакна албанскиот претседател Мета.
Тој овие коментари ги даде пред новинарите на Медиумскиот форум за југоисточна Европа.
За потсетување во изминатите денови актуелна тема е бегството на Никол Груевски во Унгарија. Според медиумите се почнало токму од соседна Албанија, поточна амбасадата на Унгарија во Тирана.