Маја Глигоровска: Не ги разбирам луѓето, не ме познаваат, а ме озборуваат

Поранешната манекенка Маја Глигоровска без која во 90- те години не можеше да помине ниту една модна ревија или модно шоу, веќе неколку години работи како учителка и пистите ги замени со дневник и табла за пишување. Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ Маја открива дека на моменти и недостасува модата, но потенцираше и дека педагогијата отсекогаш била нејзина голема љубов.

Кажа и дека кога почнала да работи како учителка наишла на многу негативни коментари и реакции од страна на јавноста која ја осудувала заради нејзината манекенка кариера, но вели дека успеала да ги надмине тие предрасуди иако и било многу тешко да се избори со истите.

„Луѓето не ме знаат, а ме осудуваат. Не ја познаваат мојата суштина, јас во времето кога почнав да работам како учителка минував низ тежок период во животот. Во тој момент се разведував, останав самохрана мајка и барав само можност и прилика за да работам.

Дипломирам педагог сум, неодамна станав и магистер за односи со јавност, цело време се надоградувам и вложувам во себе и мојата кариера, децата ме сакаат и тоа ми е најважно од се, рече Маја во интервјуто.

Loading...