Во бурата реакции по објавата за бегството на Никола Груевски до редакцијата на НОВА стасаа видео снимки од анонимен дојавувач како илустрација за како што се наведува во пораката демагогијата на поранешниот премиер кој на јавноста и се претставуваше како скромен човек посветен на работата за доброто на државата.
Неговото бегство овие денови ја отвори и дилемата за неговата имотна состојба која е се уште непозната за јавноста.
Овој видео материјал е снимен во 2012 година кога Никола Груевски тогаш премиер на Р. Македонија престојувал на егзотичните Сејшели сместен во хотелски комплекс каде што според сознанијата на НОВА едно ноќевање чини повеќе илјади долари.