Тортевски: На Груевски треба да му се пуштат луѓе во Будимпешта да го сретнат на улица

0

Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, адвокатот Александар Тортевски истакна дека вината за бегството на Никола Груевски ја гледа во МВР, односно кај министерот Оливер Спасовски.

Коментирајќи ја изјавата на Спасовски во емисијата „Само Вистина“ и неговото барање за притвор на останатите обвинети во случаите на СЈО, тој истакна дека министерот со ова врши класичен политички притисок за да се изрекуваат мерки притвор, врз судот. Да се потсетиме дека токму денес неполни 24 часа по изјавата на министерот за внатрешни судот изрече мерка притвор за двајцата поранешни високи државни и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Божиновски и Миле Јанакиески.

Тортевски смета дека се врши притисок врз институциите да носат одлуки, а како доказ за тоа го посочи притворањето на Јанакиевски и Божиновски.

– Веднаш по изјавата на Оливер Спасовски во однос на бегството на Никола Груевски дека ќе се побара притвор за опфатените со судски постапки, а денес имаме апсење на Јанакиески и Божиновски. Тоа е притисок врз институциите, потенцираше адвокатот Тортевски.

Адвокатот Александар Тортевски побара на експремиерот Никола Груевски, кој побегна и побара азил од Унгарија, да му се пратат луѓе во Будимпешта кои ќе му го претворат животот во пекол.

На социјалната мрежа Твитер, ваквиот повик на Тортевски граѓаните го толкуваат како отворен повик за убиство.

Најголемата одговорност е кај МВР, без оглед дали е побаран притвор од обвинителството или не, смета адвокатот Александар Тортевски, кој вечерва во „Топ Тема“ гостува со професорката Мирјана Најчевска.

-Груевски не беше присутен на објавување на пресудата. Во овој случај имаше спортска шанса од три дена за Груевски да бега – вели Тортевски.

 

 

Претходна статијаСопственик со Големо срце: Во неговата фирма секој работник работи 1 час помалку за да има време за семејството
Следна статијаДа не беше смешно, ќе беше трагично: Унгарија праќа полиција во Македонија за да ја штити границата од мигранти