Не стивнуваат реакции по бегството на екс-премиерот Никола Груевски кој преку својот Фејсбук профил објави дека се наоѓа во Унгарија каде ќе бара политички азил.
Реагираше и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ и актерка Софија Куновска.
„Може ли некој да појасни, каква гаранција од бекство е одземен пасош, кога во Србија се влегува со лична карта?“, напиша на својот Фејсбук-профил Куновска.