Во врска со пласираните информации за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, Алијансата за Албанците го повикува МВР, што поскоро да излезе со официјално соопштение со кое ќе ги потврди или демантира пласираните информации во јавноста, велат од партијата.
– Владата и МВР да водат сметка и сносат одговорност за театарот што им го сервираа на своите граѓани изминативе два дена во врска со апсењето на Груевски.
Јавно ја прашуваме Владата и МВР, кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски?
На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за оваа бегство?
Владата да преземе одговорност за овој скандал што сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашалник владеењето на правото, што со последните случувања ја поткопува еднаш засекогаш надежта на обичниот граѓанин на РМ дека еден ден ќе има правда во оваа држава – се вели во соопштението.