Апсолвентката Ева од Велес: Се договорив за плата од 250 евра, по два дена газдата ми понуди три пати повеќе

0

Во денешно време младите се соочуваат со реален проблем да пронајдат работа, а и кога ќе се случи тоа се јавува нов проблем. Платата е минимална и во најмала рака потценувачка. Своето искуство и преминот од факултет на работа го раскажа апсолвентката Ева А. од Велес која заврши на Економскиот факултет во Скопје.

„Две лета по ред работев во Германија и за наши услови заработив добра пара. Иако имав можност да заминам повторно, сепак се решив да останам во Македонија, а се со една цел. Да пронајдам соодветна работа според моето образование.

Нормално, на многу места каде што аплицирав и се обратив, ми бараа работно искуство, но како да го имам кога само што заврши во факултет. Сепак се случи и тоа, по месец дена интензивно барање работа, конечено ми се насмевна среќата.

Се договорив и започнав да работам во компанија за логистика. Газдата ми вети плата од 250 евра што за мене како почетни ми делуваш доволно. Почнав да работам од среда, по два дена минати во канцеларија каде што ме обучуваа, ме повика газдата.

Јас, сета уплашена дека сум згрешила нешто, си помислив на најлошото. Ќе ми се заблагодарат и ќе ми кажат дека повеќе не сум потребна. Но позитивен шок, буквално слушнав нешто што ни на сон тешко ќе можев.

-Ева, јас би сакал да ти понудам плата поголеми за три пати во однос на оние 250 евра за кои разговаравме. Би потпишале договор на 2 години, тоа е мојата понуда. Размисли, немора веднаш да ни кажеш. Ете викендот е пред тебе, одмори се па во понеделник ќе се сретнеме повторно.

Нормално, во понеделникот ја прифатив понудата, кога и кажав на моите родители буквално не веруваа и мислеа дека се шегувам со нив.

Претходна статијаСтојанче Ангелов: Нивната жртва не беше залудна, тоа се луѓе кои животот го дадоа за државата
Следна статијаНесреќата го промени Дарко Лазиќ – веднаш, уште во болница ќе потпише за крај