Колку паметна жена беше мојата свекрва, знаеше дека син и “не може” па ме прати на бања

0

Здраво Галама, ова не е мое лично искуство, туку на една моја пријателка која ми се довери пред неколку месеци. Не ми се веруваше кога таа ми раскажа за ова, па ја препрашував по милион пати. Приказната е навистина неверојатна, но ме увери во нејзината веродостојност. Ве молам да не ме сфатите погрешно, јас не ја изневерувам довербата на мојата пријателка, само сакам да дознаат сите до каде може да отиде женската итроштина.

Имам целосна дозвола од пријателката да раскажам во нејзино име за она што се случило пред 10-тина години. Тие се 14 години во брак. Шест години неуспешно се обидувале таа да забремени, неколку пати и вештачко оплодување правеле ама не се фаќало. Тестовите покажале дека тој е стерилен и не може да има деца.

Тогаш свекрва и ја викнала, и дала пари и и’ рекла да оди во бања најмалку месец, два, колку и да е потребно. И рекла да најде некој таму што ќе го бендиса и да легне со него. И рекла: легни со него колку пати треба, а кога ќе сетиш дека си бремена, врати се дома и веднаш легни со син ми во постела.

Ќе му кажеме дека од топлата вода ти се отвориле каналите и полесно си забременила. Ама памти, веднаш штом си сигурна, враќај се дома. Јас богато ќе те наградам со злато! И така пријателкава се спакувала и заминала во бањата. Се погодило времето да нема гужва, па некое време била сама во собата. Ова си го сфатила како задача оти многу сакала да се оствари како мајка.

Немало многу гости таму и претежно биле жени и по некој стар човек. Од персоналот бендисала некој физиотерапевт па веднаш му се додворила. Се изненадила и самата колку брзо завршиле во кревет. Му се насмеала неколку пати, појадувале заедно, вечерта малку прошетале и толку фалело.

Секоја вечер имале секс, дури она била изненадена од неговата машкост, понекогаш и преку ден. Таа кришум ги поткревала нозете како што ја подучила свекрвата. Понекогаш доаѓал мажот во посета, па и со него легнувала, но тој не се задржувал многу оти морал на работа.

За 40-тина денови тестот покажал позитивен и таа се спакувала и се вратила дома. На момчето однапред му кажала дека е мажена па немало поголеми проблеми околу разделбата.

Дома веднаш отрчала кај свекрвата и и’ ја соопштила радосната вест. Уште вечерта легнала со мажот. По некое време на сите им ја соопштила радосната вест. Родила здраво-право бебе, а мажот и бил среќен татко на својот син.

Свекрвата во ниеден момент не открила ништо од заговорот, напротив, внучето го гледала како да е од своја крв. По две години повторно ја повикала снаата. И рекла дека дошло време повторно да замине во бањата за да забремени уште еднаш, на синот да му роди братче или сестриче. И уште и додала, ако може да имаат ист татко за да си личат. Така мојата пријателка по вторпат останала бремена од физиотерапевтот, и се остварила по вторпат како горда мајка на уште еден син.

Кога ми се довери пред неколку месеци се двоумеше дали да појде по третпат во бањата, оти овојпат сакала ќерка. Само чекала зелен картон од свекрвата. Јас бев толку шокирана од она што ми го раскажа што не знаев што да и одговорам на ова. Сега, кога ќе се видиме на кафе се смееме и на нејзина и на моја сметка, но тогаш бев занемена. Се’ уште не е отидена, а многу сака трето дете. Не сака да направи голема разлика меѓу децата и затоа сака што поскоро да се одлучи свекрвата. Јас и држам палци.

С.П.

Авторски текст, не смее да се превзема без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаНикогаш нема да ја познаете: Ова е Вилдан од „Карасевда“ во приватноста, нејзината ќеркичка и сопругот
Следна статијаСлавевски: Со прогресивното оданочување владата удри по работните места