Откако пред неколку дена беше разбуден од вештачка кома, а здравствената состојба почна да му се подобрува, на Дарко Лазиќ му откажа и другиот бубрег, а кревката состојба се влоши.
Едниот бубрег на пејачо откажа пред првата операција, но со дијализа беше вратен во функција. Како што дознава срски „Телеграф“, по откажувањето вториот бубрег, паралелно почнала да се влошува и состојбата на првиот, кој веќе беше вратен во нормала.
Засега не се знае колку време Лазиќ ќе остане на дијализа. Според изворите на порталот од земунската болница, до откажување на бубрезите дошло поради преголемото внатрешно крварење кое пејачот го имал.
Инаку во текот на вчерашниот ден и утринава, вестите за здравствената состојба на Лазиќ беа позитивни. Дури и неговата девојка која новинарите ја затекнаа пред влезот од болницата, оптимистички најави дека Дарко е многу подобар.