Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, од говорницата му рече на премиерот Зоран Заев дека од капитални инвестиции имаат отворено само една сендвичарница.
„Најлоши еконоски резултати, време е за разрешување. Имате најмногу министри, а убедливо најслаб економски тим во Владата и најлоши резултати во економијата, со само 27 проценти капитални инвестиции“, обвини Ѓорчев.
Тој рече дека во Македонија бројот на капитални инвестиции секогаш бил поголем, па и во периоди кога имало кризи.
„Замислете новинарите наместо 100 прилози да направат 27. Секогаш велите ќе се подобри, а бројките се влошуваат. Време е за разрешувања“, му порача Ѓорчев на премиерот Заев. Ѓорчев праша зошто обвинителството и Министерството за внатрешни работи не преземаат ништо за полнењето кутии за време на референдумот.
Пратеникот од говорницата упати прашање до Заев и што направиле за Албанците кои се разочарале од власта на СДСМ.