Груевски може да остане без пратеничкиот мандат и имунитет

0

До Комисијата за мандатни и имунитетни прашања, со која претседава пратеникот Павле Богоевски, денеска од кабинетот на Талат Џафери, пристигнало известување за пресудата која Кривичниот суд му ја досуди на екс премиерот, Никола Груевски, во предметот „Тенк“. Известувањето за правосилност на пресудата пристигнало во Собранието уште во петокот.

Комисијата сега треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според Собранискиот деловник за одземање на пратеничкиот мандат. Сепак за одземање на пратенички мандат е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

Доколку му биде одземен мандатот, на негово место во Собранието, седнува наредниот на листата пратеници од коалицијата „За Македонија заедно“, кои беа кандидирани во оваа изборна единица.

Богоевски сега има рок од 15 дена да закаже седница, а рокот почнува од утре.

Инаку, според Законот за пратеници, на пратеник автоматски му престанува мандатот доколку е осуден за кривично дело со минимална казна од 5 години. Груевски е осуден на казна затвор во траење од две години.

Претходна статијаАко Груевски влезе во затвор, 15 дена ќе биде во приемното одделение, а потоа во ќелија
Следна статијаНема спас од мајка и на жена ми, малку беше шо во МК и бев домазет, мораше и овде во Шведска да се тупоса