Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов во изјава за „Плусинфо“, порача дека нема да ја напушти неговата партија, и покрај тоа што беше исклучен од опозицијата во петокот.
„Јас сум со идеите на ВМРО-ДПМНЕ уште пред да се формира партијата, и немам намера да си одам, ниту пак некој може да ме искучи, одлуката на раководството е нестатутарна и избрзана. ВМРО-ДПМНЕ не ја прават само дваесетмина, зад партијата стојат повеќе од 300.000 луѓе, а откако раководството со нестатутарна и избрзана одлука реши да ме исклучи секојдневно добивам огромна поддршка од други мои сопартијци и симпатизери. Во овие тешки моменти треба да се биде чесен и да се настапува со разум – вели Арнаудов.
Тој тврди дека не постапил спротивно на партискиот Статут, каде што е прецизирано кога еден член на партијата може да биде исклучен, ниту настапил контра интересите на својата партија во контекст на интеграциите во ЕУ и НАТО.