Николовски: Сакаме да ја честитаме новата коалиција меѓу Сашо Мијалков, Вице Заев и Зоран Заев

0

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа историски централен комитет, после кој што веќе нема ништо да биде исто, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потоа истакна:

-Претседателот Мицкоски предложи одржување на вонреден конгрес, на кој ќе биде гласана негова доверба, но истиот предлог бил отфрлен. Понатаму, централниот комитет со тајно гласање го разреши едногласно попретседателот на партијата Митко Јанчев.

-Централниот комитет исто така ги исклучил Сашо Мијалков и Никола Тодоров, односно дало предлог до општинските комитети да поведат постапка за нивно исклучувања.

Николовски воедно обвини за тајна коалиција меѓу Сашо Мијалков и Зоран Заев, со цел обезбедување пратеници од опозицијата кои ќе гласаат за уставните промени. На прашање на новинарите дали во оваа постапка бил вклучен и почесниот претседател Груевски, тој рече дека засега немаат такви сознанија.

Претходна статијаГо изневерувам сопругот извесно време, но денес дознав каков гад бил тој
Следна статијаМицкоски: ВМРО го исчисти лошото од партијата