Актерот Гоце Тодоровски емотивно се присети на својот близок пријател Ванчо Петрушевски, кој почина на летово во својата викендичка со скопско Орешани.
– Ванчо Петрушевски ни беше како Ален Делон во друштво. Девојките многу го сакаа. Ние останатите се влечевме по него, па така и ние по некоја девојка ќе фатевме, изјавил Тодоровски.
Легендарниот актер кој за улогата на Цанде во претставата „Солунски патрдии“ доби награда за фестивалот за театарски игри „Војдан Чернодрински“, вели дека со Петрушевски бил другар од шесто одделение. Уште од тогаш, правеле детски претстави во училиште, на родителските средби.
– Јас бев одлилен ученик, Ванчо послаб, но секогаш се вадеше на неговиот шарм и на снаодливост, па и тој добиваше добри оценки.