Статус на Мирјана Најчевска
“Мислам дека е редно за одредени професии да се прави тест на елементарна интелигенција. Навистина не знам како одредени луѓе завршуваат факултет и магистрираат и докторираат. Тоа е посебна тема.
Меѓутоа не смее да се дозволи очигледно глупи луѓе да бидат професори.
Значи има неколку вида мнозинство со кое се донесува одредена одлука.
Еве, апсолутно мнозинство од 120 е 61 (кога вкупниот број е 120). Ако е 60 не е мнозинство нели туку е еднакво или пата -пата. За да стане мнозинство треба на едната страна да има барем еден човек повеќе, а на другата барем еден помалку од 60 како бројка на еднаквост.
Просто мнозинство е мнозинство од присутните. На седница биле присутни 90 и мнозинство би било 46. Двотретинско мнозинство секогаш се пресметува од вкупниот број. Значи не две третини од присутните туку од сите 120 пратеници.
Двотретинско мнозинство од 120 е кога две третини од тие 120 или 80 души се на една страна а 40 на друга. Нели 80 е повеќе од 40 и заради тоа е мнозинство, а во исто време 80 претставува две третини од 120 и затоа е двотретинско. И јас навистина мислам дека мојот универзитет треба да размисли за воведување на тестови за интелигенција“