Едно утро кога отидов на работа, шефот првин ме викна кај него во канцеларија, ми рече дека имам две опции, да спијам со него или пак да ја напуштам работата. Бев во шок. Не можев да се освестам дека ова ми се случува на мене, дека јас добив таква понуда.
Го прашав да ми даде еден ден рок да размислам и дека наредниот ден ќе му ја кажам одлуката. Наредниот ден кога отидов на работа, веднаш се упатив кон неговата канцеларија, но првин го вклучив телефонот, за да го сними разговорот.
Тој се од почеток ми повтори што бара од мене, а на снимката се убаво се слуша. Откако заврши тој со муабетот, и откако јас требав да ја кажам конечната одлука, му покажав дека сум го снимила разговорот и дека тоа ќе го објавам, ќе го покажам на неговата сопруга, а плус во полиција.
И тој беше во шок, исто како и јас што бев кога ми кажа да спијам со него.
Веднаш ја напуштив работата.