Медицинска сестра: Доктори, засрамете се – дајте им на жените анестезија

0

Медицинска сестра од Хрватска собра храброст и призна дека освен над пациентите, одредени доктори се иживуваат и над медицинските сестри. Таа е едногласна и вели дека на ова мора да се стави крај.

Притоа призна дека во болниците има насилство.Раскажа дека како медицинска сестра доживеала се и сешто. Притоа потенцира дека како таа, така и други нејзини колешки молчеле поради страв од понижување и губење на работата.

„Навистина има доктори на кои треба да им се забрани да работат со луѓе. И самата сведочев на киретажа на живо кај еден пациент. Го молев докторот да и стави анестезија на жената, но тој ја штедеше анестезијата. Видов дека жената ја боли, сите му говоревме дека мора со анестезија, но тој продолжуваше и не слушаше. На крај киретажата ја одложи за друг ден со општа анестезија. Се наметнува прашањето, зошто ја малтретираше жената? Сакаше што побргу да се заврши работата“ огорчено вели медицинската сестра.

Претходна статијаСергеј, те прават ваков-таков, ама јас едно ќе ти кажам, ти си брат маж со М. до колена
Следна статијаКаракамишева до Заев: И после ВМРО барал амнестија?