Македонците се огромни должници: УЈП ја објави листата за неплатен данок – има познати и звучни имиња

0

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2018 за долгови доспеани до 30.06.2018 и неплатени до 30.09.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници на Управата за јавни приходи за долгови доспеани до крајот на јуни и биле неплатени до крајот на септември годинава содржи вкупно 4.105 должници. Од нив 2043 должници – правни лица и 2062 физички лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Целосната листа можете да ја погледнете со кликање ТУКА.

Претходна статијаОбјавено името на уапсениот македонски менаџер кој местел натпревари, но и имињата на наши фудбалери
Следна статијаФОТО: Тешко се влегува во Скопје – огромна колона поради сообраќајка на три возила