ФОТО: Тешко се влегува во Скопје – огромна колона поради сообраќајка на три возила

0

Граѓаните на Скопје, но и од внатрешноста на Македонија со потешкотии можат да влезат претпладнево во нашиот главен град.

Претпладнево на булевар Александар Македонски, после железничкиот надвозник на влезот во Скопје, се случила сообраќајна незгода којашто предизвика голем застој на возилата и долга колона на автопатот.

Во сообраќајката учествувале три возила, „фолксваген поло“, „БМВ“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а засега се уште нема информации за повредени лица.

Претходна статијаМакедонците се огромни должници: УЈП ја објави листата за неплатен данок – има познати и звучни имиња
Следна статијаПотресна исповед на Панчо од ДНК за неговата мајка: „Се би дал да можам уште еднаш да ја гушнам!”