Каракамишева удри по СЈО: Вие имате само една цел

0

 

Тања Каракамишева, професорката која што е доста активна на социјалните мрежи, повторно се огласи по вчерашното објавување на новите шест истраги на СЈО. Таа уште еднаш го потенцираше нејзиниот став дека целта на СЈО е да ја уништи партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-Целта на СЈО е да ја уништи партијата ВМРО-ДПМНЕ! Неуставно обвинителство во функција на лов на вештерки…кажано 100 пати, вреди уште толку за да на сите им дојде умот дека вакви квази-органи прават несогледлива штета за угледот на државата, напиша Каракамишева на Фејсбук.

Кога сме кај Проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, да кажеме дека епрофесорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

 

Претходна статијаАлијансата за Албанците бара итно да се разреши: Бујар Османи веќе нема легитимитет да биде министер
Следна статијаГерманија објави досега најмасовен оглас за работа