Ова се четирите точки од уставот кои ќе бидат променети

0

Владата на вонредна седница донела заклучок да го испрати предлогот пристапување кон изменување и дополнување на Уставот. Портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски, вели дека се очекува уште утре Собранието да почне со работа. Предлогот е за промена на суштински четири промени.

“Додавање на придавка северна во Уставот на Република Македонија. Пред зборот северна да се додаде пред Македонија“, е првата промена во Уставот која ја предлага Владата а ја соопшти портпаролот Бошњаковски.

“Измена на преамбулата, каде ќе се внесе повикување на прогласот од првото собрание на АСНОМ со нивните одлуки“, е втората промена која ја соопшти портпаролот и додаде дека не се брише АСНОМ, туку се прецизира.

“Со нови член ќе се гарантира почитување на соседите и дека Македонија нема територијални претензии“, е третата промена, соопшти Бошњаковски.

“Грижа за Македонците и дијаспората во странство. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на републиката во странство. Републиката нема да се меша во сувереноста на другите држави“, рече потпаролот Миле Бошњаковски соопштувајќи е четвртата промена во предлогот за отворање на Уставот.

Портпаролот на Владата посочи дека се очекува сите пратеници, без разлика на партијата да го обезбедат патот, кон Европската Унија и НАТО.

Претходна статијаНе живее заедно со сопругата и ќерката: Непознати детали за новиот член на „Ѕвездите на Гранд“
Следна статијаСектата ни го уништи бракот