Зошто мажите фаќаат шваљерки, но истовремено не ги оставаат сопругите

0

Сте помислиле ли некогаш на разликата помеѓу љубов и еден обичен се.с? Понекогаш, сите ние имаме желба за страствено задоволство, но, што тоа навистина им значи на мажите? Прочитајте ги овие 20 разлики и дознајте.

1. Жената со која спие, ја бара после полноќ – Кога е излезен со пријателите, а не му се насмевнала баш среќата таа вечер, тој секогаш знае дека има на кој да му се јави.

2. Тој се жртвува за жената која ја сака – Под ова се подразбира понекогаш откачување на другарите за да помине некое време со жената која ја сака.

3. Жената со која спие може да прави што сака – Таа обично му е пријателка со бенефиции и може да оди кај сака, со кого сака. Може и да не разговараат со денови, со недели.

4. Жената која ја сака го загрижува – Колку повеќе се заљубува во неа, толку повеќе сака да ја заштити. Доколку таа не му се јави или не му врати на пораката, тој со сигурност ќе биде загрижен.

5. Жената со која спие е само за забава – Него не го интересира како таа си го поминала денот или пак какви чувства има за него.

6. Жената која ја сака е посебна – Тој секогаш е внимателен кога ја запознава со неговите пријатели и сака сите да ѝ го запаметатат нејзиното име. Зошто? Затоа што сака да ја ценат исто колку што ја цени и тој.

7. Жената со која спие нема големи очекувања – Тоа што се гледаат само за се.с, за него е супер. Без емоции, без романтики, и повеќе од супер, нели?

8. Жената која ја сака добива изненадувања – Кога некој маж е заљубен, тој ја посипува неговата девојка со внимание и подароци и сака да ја гледа среќна.

9. На жената со која спие секогаш ѝ е покажан патот за надвор – После се.с, нема потреба од гушкање и разговор.

10. Жената која ја сака ги остава работите кај него – Неговиот дом е и нејзин дом. Секогаш има место за нејзината четкичка за заби.

11. Девојката со која спие не е важна – За мажите, обичен се.с е обичен се.с. Но, секогаш постојат жени кои мислат дека можат да сменат нешто кај мажот. Токму тоа е нивната најголема грешка.

12. Жената која ја сака му покажува како сака тој да се однесува спрема неа – Мажите секогаш оставаат на жените да им покажат како сакаат да бидат третирани. Значи, ако тој ве сака ќе се прилагоди на вашето секојдневие, дури и да му треба некое време.

13. Жената со која спие нема потреба да биде негов тип – Со други зборови, на него не му е потребно таа да има добар карактер за да биде со неа во кревет.

14. Жената која ја сака е жената од неговите соништа – Тој мисли дека таа е најубавата девојка во градот. Нејзината несмасност? Не се смета. За него таа е совршена.

15. Жената со која спие се води по неговите правила – Ако тој сака нешто, знае кај треба да се јави.

16. Жената која ја сака не се плаши да ги промени правилата – Неговата партнерка знае колку вреди и не го троши своето време на мажи кои не се однесуваат добро со неа. Таа ја знае својата вредност и тој ја сака поради тоа.

17. Жената со која спие добива само една работа – Ако таа сака с.кс, тогаш тој нема проблем да ги исполни нејзините потреби. Едноставно, таа не добива ништо повеќе.

18. Жената која ја сака го излудува – Тој е толку заљубен во неа што не може да ги тргне рацете од неа ни на една секунда.

19. Жената со која спие е привремена – Со тек на време, тој ќе изгуби интерес и ќе си најде нова пријателка со бенефиции.

20. Жената која ја сака е неговата иднина – Тој не може да си го замисли животот без неа.

Претходна статијаЦеца проговори искрено за Марина Туцаковиќ
Следна статијаВесна Бејби се потсети на младоста и објави фотка од плажа – била ситничка и слабичка (ФОТО)