Ѓорѓи Спасов: Чија слика за Македонија треба да се следи во иднина, онаа за Северна, или онаа за Вечна

0

Статус на Ѓорѓи Спасов:

“Јасната слика за Македонија како модерна европска држава на сите македонски граѓани, која, според Договорот од Преспа, би се викала Република Северна Македонија? Или таа за „вечна Македонија“, заробена во националистичката идеологија од деветнаесеттиот век?

Таа на новите екстремни македонски десничари, кои, во душата, сѐ уште комунисти, притоа се восхитуваат на стариот фашизам, а се поклонуваат на империјализмот на Путин? Или таа на болшевистичката идеологија на македонската Левица, застаната во времето на Че Гевара и Троцки?

Таа на Македонците кои сонуваат за античката империја, а живеат во најбедната земја во Европа?

Таа на политичарите на ВМРО, кои комуницираат со мобилен, а се колнат врз ножеви и револвери? Таа на одмаздољубивите партиски воини-патриоти, кои преку симболот на модерноста, интернетот, им испраќаат закани на „предавниците“?

Таа на македонските псевдо-интелектуалки, кои симболот на модерната граѓанска еманципација – правото на глас – го заменија со варење ајвар?
Таа реакционерна мешавина, според мене, не е демократска. Таа е погубна за македонското општество.”

Претходна статијаСопругата на Саша Поповиќ: Да беше друга жена на мое место сто пати ќе го оставеше
Следна статијаЕлегантна и ненаметлива – ќерката на Заев, Александра во есенска комбинација (ФОТО)