-Животот нема смисла ако не знаеш да помогнеш некому кога е потребно. Со радост ќе пеам без хонорар за Кочани – вели за „Галама“ Аца Лукас пред концертот во Скопје на 20 декември, наречен „Кафанска ноќ“. Како што веќе објавивме, тој заедно со Мирослав Илиќ, Мира Шкориќ и нашиот Жаре Бервер и „Галама бенд“ ќе пеат како во најголемата кафеана на Балканот.
Сите пари од продаджбата на билетите ќе се донираат за семејствата на настраданите во трагичниот пожар во Кочани кој се случи на 16 март, како што веќе најавија од „Хајп продукција“, организаторите на настанот.
-Ваков тип на концерти веќе имаме правено низ регионот, и се покажа како одличен настан. Замислата не е класичен концерт, туку една голема кафана во која ние сме заедно, блиску до публиката. А, кој од нашиот народ не сака кафана? Затоа, ние заеднички ќе уживаме во најголемата, и тоа со хумана цел- вели Лукас.
За своите колеги, тој вели дека веќе се знаат како дишат, а има интересни приказни и ангегдоти со секој од нив.
-Има една приказна за мајка ми, која многу го сака Мирослав Илиќ. Ја однесов на еден од неговите концерти во Белград, и сакајќи да ја изненадам, го замолив Мирослав да ѝ ја запее нејзината омилена песна и да ја поздрави. Уште ми е убаво кога ќе се сетам на нејзината среќа и реакција во тој момент. Тоа е она со давањето кое го споменат на почетокот, без да имаме срце нема да сме луѓе, ниту успешни во оваа работа
А, за Мира Шкориќ што да кажам? Таа ми е блиска долги години, таа е „другарчина“ која никогаш нема да те изневери. Жаре Бербер е шампион со кој многу лесно ми оди соработката, за него следен пат повеќе ќе ви кажам- вели Аца Лукас.
Нема да биде ова класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, и кафански амбиент, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости. Билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.
























