Мирослав Илиќ: Од сè што направи Северина, најдобар ѝ е „оној познат филм“

Мирослав Илиќ без влакно на јазикот секогаш знае да каже што му пречи кај неговите колеги, и кој е за него вистински пејач а што не е. Меѓудругите, тој еднаш „удри“ по Горан Бреговиќ, а и по Сееврина.

-Што се однесува до Бреговиќ, ме мачи што го зеде балканското музичко богатство и го продаде низ целиот свет како да е свое. Својата музика ја базираше на флерт со фолк, а денес имаме плејада имитатори, што е штета.

Северина не е пејачка, туку забавувачка. Никогаш не ми беше интересна, ниту направи нешто добро. Од сè што направи, најдобар е тој познат филм. Не ме допира нејзината музика, ниту нејзината кариера- изјави легендарниот славе од Мрчајевци.

-Никогаш не копнеев да бидам ѕвезда, ниту пак сакав луѓето да ме перцепираат така. Ништо не ме променило. Денес, на младите им е полесно бидејќи сите врати им се отворени, имаат интернет, телевизија и сите тие чуда- додаде пејачот.

Мирослав своите легендарни хитови ќе испее на 20 декември во Скопје на „Кафанска ноќ“, која ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ од 20 часот, во организација на „Хајп продукција“.

Во најголемата кафеана на Балканот со него ќе бидат и Мира Шкориќ, аца Лукас и нашиот Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“. Сите средства , без исклучок ќе одат за семејства на настраданите во пожарот во Кочани, а во иницијативата се вклучи и „Супорт Кочани“. Билетите можете да ги купите ТУКА.  

Ова нема да биде класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости.