Во една своја интимна исповед, пејачката Мира Шкориќ откри дека единственото нешто за кое жали во животот е што не родила уште едно дете.
-Жал ми е што немав уште едно дете. Имав многу моменти кога сакав да бидам со моето семејство, а не можев поради работата.
Повеќе не морам да снимам никакви песни бидејќи имам многу хитови во мојата 35-годишна кариера и сум особено горда на тоа. Ќе умрам, но моите песни ќе останат“, рече пејачката.
-На мојата ќерка не ѝ треба совет од никого. Таа е паметна, совесна, посебна млада жена која ќе биде уште поуспешна докторка. Дури и таа ме советува за многу работи во животот – гордо рече Шкориќ, која рече дека нејзината ќерка знае само три или четири од нејзините песни.
Мира Шкориќ ќе настапи во Скопје на 20 декември, на концертот „Кафанска ноќ“ во салата „Јане Сандански“ заедно со Мирослав Илиќ, Аца Лукас и Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специјални гости.
Нема да биде ова класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости.
Буквално сите средства ќе се донираат за семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани на 16 март, а во акцијата се вклучи и организацијата „Супорт Кочани“ која даде голема поддршка.
Организатор на настанот е „Хајп“ продукција, а билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.





















