Секогаш насмеана, а голема тага ѝ го обележа животот- ова е пpиказната на една од нашите најдобри пејачки

0

Пејачката Искра Трпева денес е среќно мажена и остварена како мајка, а годините не се гледаат на нејзиното лице“, објави Република во една прилика за нашата позната пејачка која сега е професор по музика.

Таа откако остана бремена и се породи со ќерката Ангела, целосно се повлече од јавноста и се посвети на мајчинството.

Денес работи како професор во музичко училиште. Неодамна таа сподели семејна фотографија на Фејсбук, каде што напиша дека ќеркичката Ангела е сè во нејзиниот живот.

Ангела во јуни ќе наполни 12 години, а Искра повеќе од десет години е во брак со поранешниот фудбалер, а сега професор по физичко воспитување, Благоја Арсовски.

Трпева е родена на 1 јануари 1973 година во Скопје. Таа е професор по соло пеење, професија што ја работи и денес. Учествувала на повеќе македонски фестивали, а највеќе на МакФест. Таа е сопственик на познатото скопско кафуле „By The Way“.

Трпева својата естрадна кариера ја започнала со познатиот македонски композитор Кристијан Габровски во 1998 година, а песните од тој период се Допри ме, Штом падне мрак и Заврши се.

Трпева соработувала со Дарко Димитров и со Александар Митевски, од чија соработка произлегле сингловите Љубов (Срце),Странец, Зима.

Повторната соработка меѓу Трпева и Габроски всушност претставувало промена во нејзиниот музички стил – од поп-денс во поп-рок, од што произлегол и синглот Исти.

-Професор сум во средното музичко ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје.Предавам три предмета : Соло пеење , Камерна музика и Прима виста (оние предмети коишто се поврзани со вокал).

Се трудам да сум транспарентна и многу комуникативна. Музиката, односно оперското пеење сака максимална посветеност, за истото да вроди со плод.

Близината постои за време на мојот час (индивидуална настава) и тој е позитивев,темпераментен и емотивен (сите оние работи коишто ги бара пеењето).

Уживам во сето тоа. Имам прекрасни „деца“, со прекрасни вокали“, изјави Искра во едно интервју за Женски магазин. Јас некако не чувствувам дека сум повлечена.

Но, штом Вие и мојата публика тоа го кажувате, тогаш ќе треба нешто под итно да сменам, нели? Периоди во животот. Можам само да истакнам дека ми требаше малку простор, малку време за мене, моето семејство и за мојата работа“; изјавила таа за популарната музика.

– Спомени има многу и сите во позитивна смисла. Тоа беа некои други времиња , убави дружби и прекрасни песни. Ги паметам сите мои фестивалски настапи, турнеи по Македонија, каде во секој град бев убаво пречекувана.

Концертите траеле до раните утрински часови, со заедничко пеење. Ах, ВИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ ЗА СЕТО ТОА. Тоа останува до крајот на животот !“, изјавила таа.

Искра за жал 2021 година ја испрати со тажна случка. Имено таа го загуби својот татко.

Таткото на Искра, Ванчо беше познат спортски работник. Непроценлив е придонесот на Ванчо Трпевски во Вардар, тренер кој го посвети целиот живот на црвено-црните. Популарниот Чукаре за Вардар не одигра многу, само 16 мечеви, но затоа тренерски се посвети од пионерите до сениорите.

Најголемиот дел од својот цел тренерски стаж го мина посветувајќи им најголемо внимание на младите категории во младинско-пионерската школа „Кирил Симоновски – Џина“. Беше и тренер на вардаровиот тим во втората шампионска генерација во сезоната 1993/94.

Трпевски беше селектор-тренер на пионерската, јуниорската и сениорската селекција на Македонија во бивша Југославија, а беше и селектор на јуниорската и на младата селекција во Македонија.

Добитник е на признанието за животно дело од тренерската организација на Македонија.

Искра за својот татко напиша: ТАТКО… Каква Големина од човек беше ТИ. Кои зборови да ги казам за да ја опишат твојата Добрина, Професионализам ,а пред се Родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе.“

И покрај големата тага која им се случи на неа и на сопругот Благоја, загубата на синот само четири дена откако се роди, Искра наоѓа сила секогаш да се насмее, а најголемата причина е ќерката Ангела.

-Ангела е прилично темпераментно девојче. Запишана е во нижото музичко училиште на пијано. Како и да е, таа успева да ги подели работите и да микса, пијано- кошарка. Ете, тоа е Ангела -МОЈОТ ВОЗДУХ што го дишам“, изјавила Искра за ќерката.

А кога ѝ беш именден на нејзината ќерка и Искра по овој повод на Фејсбук напишала: Вечно име мајкина. Биди ни жива и здрава, око мое“, и објавила слика од ќерката на која се гледа дека Ангела пораснала во убава девојка.

Претходна статијаПрво ќерка ѝ си заминала од дома, а потоа се yпокоил нејзин близок човек- Ели Танаскоска има тажна приказна
Следна статијаДецата ја заборавија, од Австралија не дојдоа да ја видат мајка си 11 години- оваа старица пак сама ќе го помине Велигден