Се огласи водителката Берта, откри на кого може да cе потпре во животот, а еве како изгледа сега (ФОТО)

0

Кога велат дека жените се како виното, колку повозрасни, толку позгодни, очигледно мислат на атрактивната водителка…

Многумина викаат дека оваа водителка е нашата најшетана јавна личност. Нема каде не била и не правела репортажа и тоа го прикажала во емисијата Нешто незадолжително.

Станува збор за Берта Додевска, за која веќе има и позитивни шеги во смисла: Шетан сум како Берта Додевска. А таа беше насекаде низ светот и ужоваше во сите патувања.

Берта го има и прошетано светот, таа е позната по своите репортажи со кои сите плакнеа очи. А за плакнење очи е и нејзиниот изглед.

Доказ дека годините може да бидат само бројка e познатата водителка, објави Еспресо.мк. Таа и во петтата деценија од својот живот може без никаков проблем да објавува фотографии на кои позира во бикини.

Нејзиниот профил на Инстаграм е вистински празник за очи. Покрај тоа што може да видите фотографии од најразлични краеви на светот, ќе имате можност да ја видите Берта и во најразлични модели на бикини.

Таа раскажа дека прво работела на радио, па после и се укажала пшанса за на телевизија.

„Само знаев дека не сакав да седам со некого, и да има жолто сокче помеѓу, и тоа да биде студио.

Првата идеја беше- ајде да не правиме нешто толку типично, ајде да направиме интервју на некои вонредно место. И првата емисија, во 1996 година, беше Воја Брајовиќ во еден мерцедес, наш семеен мерцеде, 5 метри и 30.

Воја Брајовиќ и јас на задно седиште, снимателот напред застанат, изваден наслоњач, тој не снима и ние возиме од Скопје до Табановце. И се случи во првите 5-6 месеци, емисијата веднаш стана независна, „Нешто незадолжитено“, поглупав наслов не можев да смислам.

Морам да го кажам вака, значи нај страшно нешто, толку глупав наслов, што сите го памтат. Сега е само „Незадолжително“, и не можам да се откачам од насловот, сите го каживаат уште тоа „Нешто незадолжително“.

Берта минатото лето го промовираше македонскиот туризам. Имено, таа уживаше во Негорските бањи, а на нејзиниот Фејсбук профил напиша: Педесетте нијански на македонскиот дијамант. Термални води во вашиот двор.

До неа во џакузито е стилистот Сретен Костиќ, кој ѝ правел друштво на ова патување.

Берта објавила една своја многу јака фотографија на која топ изгледа, во фустан кој супер и стои и се гледа дека се нема многу сменето од времето кога беше активна на ТВ.

Таа до оваа своја слика открила и едно важно нешто: Кој е оној на кој може да се поптре.

„Потрпи се на себеси, барем знаеш со кого си имаш работа“, напишала Берта до оваа слика.

Претходна статијаВесна Бејби откри како го фатила мажот со друга и какви мубаети тера сега со сегашната сопруга на нејзиниот поранешен маж
Следна статијаЈасмин на Гавазова збуни со оваа фотографија: Жена плавуша покрај него, кој би рекол дека е нашата Сузе (ФОТО)