Весна Бејби откри како го фатила мажот со друга и какви мубаети тера сега со сегашната сопруга на нејзиниот поранешен маж

0

За секој уметник – актер важи непишаното правило: театарот е уметност, филмот е пари, а телевизијата популарност.

Весна Петрушевска ја имаше честа да ги инкорпорира сите три во нејзиниот професионален живот. Сепак, вели дека радиото е нејзина прва љубов3, објави Фешнел во една прилика.

– Монодрамата за Мерилин Монро, ја работевме со Игор Џамбазов, тој беше режисерот и одлучив дека ми беше толку многу импонирачка целата таа приказна за Мерлинка како еден фасцинантен аспект од таа страна што се таа постигнала дека не е баш толку клише.

Се работи за еден исклучителен талент особено за комедија, и затоа одлучивме со Игор да го правиме овој текст кој што можеби е и зародиш на мјузикл во Македонија.

Оти првпат се прикажа претстава каде што имаше седум сонга, прв пат се издаде соундтрак, се играше многу успешно на репертоар на МНТ центар и просто ми беше многу логично да одиграм еден машки лик за кој што сонував.

Мислам дека успеав, одговорно си ја завршив задачата и е исклучително голем предизвик за една жена која што се одиграла во животот, да се најде во улога и на машки лик и тоа машки од почеток до крај.

Сакав да продрам во машката хемисфера од мозокот, да видам како тие функционираат на ниво на жени и многу убаво се забавував.

И ден денес, кога играм ќе излезам како Геле и почнувам да размислувам како Геле што е фасцинантно за една актерка.

И мислам дека ако актерот, нема рев-олу-ција во самиот себе, не може ниту револуцијата надвор од себе да ја донесе како таква“, сподели актерката за fashionel.mk за своите улоги.

-Мојот стил е многу кежуал, многу лежерен. Јас многу ретко носам високи потпетици во приватниот живот, дури и кога ќе излезам, знам во кола да си оставам балетанки, зошто од носење толку многу чевли на потпетица и на сцена, грбот повеќе не ми држи.

Многу сум слободоумна во креирањето на сопствениот моден пат. Сè уште сакам да бидам рок, панк и глам дива.

И секогаш кога станува збор за модата мислам дека сум живеела во шеесеттите години, затоа што просто ги обожувам тие стегнати форми, широки здолништа, убави салонки, и појавата на коктел фустанот.

Јас ден денес кога ги листам фотографиите на Берт Стерн од Мерилин Монро сè уште и се загледувам на креациите потпишани од Диор и на нејзините потпетици кои што ни Лубутан ги нема уште изработено.

Значи сè уште се воодушевувам на тој минимализам од тоа време, на таа чистина во постапката на модниот дизајн и ако веќе би била некој официјализиран лик, би сакала да бидам некој кој е целосно дел од шеесеттите“, вели актерката.

„Не знам како се снајдов во улогата на мајка. Ова е клише што ќе ти одговорам но, мислам дека клишето знае да биде и племенит одговор.

Не е едноставно, мислам дека најголемата одговорност, на еден родител е да израсне чесно, воспитано, добро дете.

Тоа е најтешката задача во нечиј живот, да бидеш, родител и да ги издржиш сите искушенија кои што ти се испречуваат на патот.

Имало многу сопнувања, сум имала подеми и падови, знам да бидам многу строга во однос на тоа кога се работи за училиште, да барам од нив можеби повеќе од што треба, но нема да излажам дека јас друг живот освен работа и Кирил и Мина немам.

Некако и многу свесно го одбрав патот дека доволна ми е приказната со нив, можеби самата си пресеков дека не треба да се занимавам со други работи, иако јас сум многу голем поборник за љубов, за нешто што сакам да го истерам како приказна до крај“, изјавила Весна.

Весна Бејби одржала стенд ап настап во Скопје и всушност раскажала за разделбата со поранешниот сопруг, но таа ја раскажала на комичен начин.

„Од свадбата, јас имам повеќе слики со Тоше, цела свадба ја поминав со него. Од хотелот ни рекоа дека имаме бесплатен апартман за младенци“, рече Весна, а поранешниот сопруг инсистирал на тоа да се вратат дома“, објави Слободен печат.

„Сега имаме заедничка група – јас, тој и жена му. Си правам муабет со снаа ми“, рече Весна и го спомена синот Кирил, кој не го видела цели две години.

Таа искрено раскажа за моментот мога поранешниот сопруг го фатила во со друга жена.

„Му ги фатив пораките и го прашав: Кога е оваа? Тој рече дека е некоја грешка“, раскажа актерката, и детално ја опиша драмата што следела потоа:

-Заминав кај него на работа, беше еден од директорите во пензиското друштво. Прашав која e, кога ја фатив за репот..“, раскажала Весна, а објави Еспресо.мк

Претходна статијаПогледнете каде ужива нашата најпозната фолкерка: Ваков поглед нема секој, заслужила, еве и зошто (ФОТО)
Следна статијаСе огласи водителката Берта, откри на кого може да cе потпре во животот, а еве како изгледа сега (ФОТО)