Јасмин на Гавазова збуни со оваа фотографија: Жена плавуша покрај него, кој би рекол дека е нашата Сузе (ФОТО)

0

Сузана е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна, а неколку години заедно живееја во Шведска.

И покрај благодетите кои ги нуди оваа скандинавска земја, тие решија да се вратат во Македонија, а објавија и зошто, луѓето, убавата клима и онаа позната дома си е дома ги врати во родниот крај на Сузе.

Таа по потекло е од Струмица и како што е познато е горда на својот роден град и често го споменува во интервјуата.

Сопругот на Сузана, Јасмин се занимава со доста платена работа, со градежништво. Тој е инвеститор, и тој на социјалните мрежи објавува фотографии од проектите- становите кои ги продава, а инаку тој гради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.

Во една прилика Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.

Јасмин е послабо активен на социјалните мрежи од Сузана, но тој објавува секогаш кога има што да каже. Па така неодамна, сопругот на Гавазова објави дека куќата која ја градат во Дојран, со целото езеро на дланка е при крај.

Но, тој објави слика од уште една куќа која ја гради, а сликата личи како да е некаде надвор од Македонија. Јасмин има бизнис кој е раширен во Европа, и очигледно дека добро му оди.

Во едно интервју за Гламур Магазин, Гавазова проговори околу мајчинството, но и за тоа дали Јасмин ѝ помага околу домашните обврски:

-Мајчинството многу ме промени, ме направи подобар човек. Како мајка сум многу посилна, поодговорна, поемотивна, комплетно подобра од сѐ што бев пред тоа.

Голем е предизвикот една жена да се носи со сите обврски кои ги носи секојдневието, но со добра организација сѐ може да се реализира.

Мојот сопруг многу ми помага околу домашните обврски. Тој е грижлив и добар и едноставно сум среќна што токму тој е татко на моите деца.

Јас сум најсреќна кога моите деца се среќни и кога се смеат. Исто така среќна сум и на сцена, кога ги гледам луѓето како се веселат на моите песни, изјавила Гавазова за Гламур.

Таа настапува турбо и успешно ги балансира обврските како мајка, сопруга и успешна пејачка кај нас, но и во дијаспората. Кога Сузе ќе запее, се грми и ечи, велат оние што ја слушале.

А и нејзиниот сопруг Јасмин често зане да отиде на нејзините настапи и да ја нарече својата сакана- кралица, а според она што и двајцата го шеруваат на мрежите, тој ја третира како кралица.

Јасмин често ја придржува својата драга половина кога настапува надвор од Македонија. Иако таа е секогаш со нејзиниот бенд, Јасмин едноставно не ја остава сама и секогаш и е најголема поддршка на Сузе.

Како што е познато, згодната Сузе е сега со сопругот Јасмин во Австралија, каде што е на турнеја и со мерак пее за нашинците таму.

Но, она што го окупира времето на Сузе освен пеењето е вежбањето во теретана, а со една слика на стори покажа дека и кога не е дома, таа е дисциплинирана што се однесува до вежбањето.

А она што исто така го исполнува времето на нашата позната пејачка е одењето на плажа, а Сузе се покажа во едно интересно светло, со видео како во бикини танцува на плажа, и уште повеќе истакнува во колку добра форма е.

Пред да одат за Австралија, Јасмин на Сузе објавил слика заедно со Сузе во автомобил , а Игор Џамбазов ги прашал во коментар каде одат.

Потоа, Сузе се јави од Австралија и со Јасмин се снимаа како шетаат и ги посетуваат убавите места во Сиднеј.

Она што е интересно на видеото е што Сузе е облечена многу модерно. Таа носи проѕирна блуза која суптилно ги открива нејзините моќни адути. Таа изгледа многу освежена на видеата и многу среќна покрај својот сакан.

Јасмин на својот профил на Инстаграм ја сменил својата профилна на која таа и Сузе се сликани како помлади. На оваа слика Сузе има плава коса, што на прв момент ги збунува сите што ќе ја видат оваа фотографија и изгледа како Јасмин да е сликан со друга жена.

Сега Сузе има црна коса, а изгледа на Јасмин му фали оваа „верзија“ на Сузе, па може таа ќе се предомисли и ќе изненади со нова фризура.

Претходна статијаСе огласи водителката Берта, откри на кого може да cе потпре во животот, а еве како изгледа сега (ФОТО)
Следна статијаCветлана- свекрвата не ми даваше да дишам, ми се изнавика пред цело село, ама кога јас ѝ се пуштив…